четврток, 9 јануари 2025 | Вести: 0

Клинсман задоволен од победата на САД

Репрезентацијата на САД со победа ги почна натпреварите на мундијалот во Бразил, а Германецот на клупата на Американците, Јирген Клинсман, изјави дека е задоволен од резултатот, но остави простор за напредок во играта.

– Имавме голем дух и верба до последн момент и стигнавме до победата. Трениравме игра од прекини, и тоа даде резултат. Има многу работи кои треба да ги поправиме во играта, а пред сѐ проблем ни е да ја задржиме топката – вели Клинсман.

Дуелот со Гана беше јубилејни, 50. како Германецот „седи“ на клупата на Американците.

Во следниот натпревар САД ќе играат со Португалија, која во 1. коло загуби од Германија, а во последното коло од групата Г Клинсман ќе се соочи и со своите сонародници.

фото: ЕПА

Top