понеделник, 23 декември 2024 | Вести: 0

Џинобили: Аргентинците беа премногу пијани за да ја прослават мојата титула

Емануел Ману Џинобили на интересен начин го коментира освојувањето на титулата на Сан Антонио во НБА лигата. Аргенетинецот со круна од најсилната кошаркарска лига на светот вели дека сега е време за фудбал и дека Аргентинците не се заинтересирани за ништо друго.

„Почна Светското првенство во фудбал и моите сонародници не се заинтересирани за ништо друго. Денеска ја победивме Босна и Херцеговина и навивачите веќе беа пијани по мечот. Воопшто не беа заинтересирани да го догледаат финалето во НБА и освојувањето на титулата на Сан Антонио спарс“, изјави Џинобили. Тој беше еден од најдобрите во составот на „мамузите“, кој успеа да го симне од тронот дотогашниот шампион Мајами хит со вкупен резултат од 4-1 во победи во финалната серија.

Аргентина во премиерниот меч за нив на фудбалскиот мундијал ја победи БиХ со 2-1, а тој дуел заврши непосредно пред стартот на последниот дуел од финалето во НБА.

Top