понеделник, 23 декември 2024 | Вести: 0

Суарез подготвен за Англија

Напаѓачот на Уругвај Луис Суарез подготвен ќе го дочека дуелот со Англија во 2.коло на мундијалот во Бразил.

– Верував дека ќе играм на Светското првенство и во ниту еден момент не се откажував. Целосно сум подготвен за средбата со Англија. Ги знам сите нивни играчи. Некои ми се клупски колеги. Најслаба точка на Англичаните им е одбраната и ние мора да го искористиме тој дел. И за двете репрезентации овој натпревар може да биде пресуден за поминување во втората фаза па затоа мора да дадеме максимум, изјави уругвајскиот репрезентативец.

Суарез поради повреда не настапи на првиот натпревар кога Уругвај загуби од Костарика со 3:1.

Натпреварот Уругвај – Англија се игра в четврток од 21 часот во Сао Пауло.

Фото: ЕПА

Top