Германија одигра блескав меч, премиерен за „елфот“ на Свстекото првенство во Бразил, а настрада Португалија со 4 примени погодоци. Победата на фудбалската машинерија на Јоаким Лев ја поздрави и Канцеларката Ангела Меркел, која беше присутна на арената „Фонте Нова“ и и се израдува на убедливиот триумф од 4-0.
Вистински јунак на дербито од Г групата беше Томас Милер со хет-трик. Првиот погодок напаѓачот на Баерн Минхен го постигна од пенал во 12. минута, а прецизно ја погодуваше мрежата на Патрисио уште и во 45. минута и во 78. минута. За дебаклот да биде комплетен за големиот ривал се погрижи Хумелс со погодок во 32. минута.
На Германците со непромислен гест им помогна и стоперот на Реал Мадрид Пепе, кој го удри без топка Милер и беше исклучен во 37. минута.