Во срцето на амазонските прашуми, главниот град на бразилската област Амазон, се подготвува за прелиминарниот меч од групата А на Светското фудбалско првенство.
На само 35 километри северно од Манаус, каде што задутре ќе се сретнат Хрватска и Камерун, се наоѓа селото Тупе, домот на индијанското племе Татујо.
Денденес отцепени од цивилизацијата, Татујо сѐ уште функционираат како племенска заедница, која иако прифатила некои од новитетите на модерното време, не сака многу да контактира со „колонизаторите“.

































