Играчот на Баерн Минхен Арјен Робен трчал со брзина од 37 километри на час за време на продорот пред постигнувањето на својот втор погодок на натпреварот против Шпанија.
Холанѓанецот го остави далеку зад себе Серхио Рамос, иако шпанскиот дефанзивец покажал завидна брзина за дефанзивец од 30,6 километри на час.
Со ова, Робен е најбрзиот фудбалер на светот, ако се има во предвид дека рекордот го држеше Антонио Валенсија од Манчестер Јунајтед кој има трчано со 35,1 км на час.
Најбрзи фудбалери во светот според ФИФА:
1. Арјен Робен 37 (км/ч)
2. Антонио Валенсија 35.1
3. Герет Бејл 34.7
4. Арон Ленон 33.8
5. Кристијано Роналдо 33.6
6. Тео Волкот 32.7
7. Лионел Меси 32.5
8. Вејн Руни 31.2
9. Франк Рибери 30.7.
10. Алексис Санчез 30.1

