петок, 12 декември 2025 | Вести: 0

Дешамп го прекинал тренингот: Не шпиунираа со беспилотно летало

deshampСелекторот на француската фудбалска репрезентација, Дидие Дешамп, го прекинал тренингот во пресрет на вечерашниот натпревар со Хондурас, прв за „триколорите“ на Светското првенство во Бразил. Французите воочиле дека вежбите и тактиката им ги „снимаат“ со беспилотно летало, па затоа веднаш го прекинале тренингот на стадионот Ботафого, пренсува Екипа.

-Беспилотно летало ни го надлетува кампот, веднаш го прекинавме тренингот. Некој сака да не шпиунира, а за тоа веќе ја известивме ФИФА, која отвори истрага за случајот, изјави Дешамп на прес – конференција во пресрет на дуелот со Хондурас.

На средбата на Дешамп со новинарите имало и новинарски екипи од Хондурас, кои сакале да ја одбранат честа на својата земја.

-Тоа сигурно не сме биле ние, истакнал гласно еден од новинарите од Хондурас.

Но, возвратил и Дешамп, на свој начин.

-Не бевте вие?! Добро, ние ионака не работевме ништо специјално на тој тренинг, заврши селекторот на француската фудбалска репрезентација.

Top