понеделник, 23 декември 2024 | Вести: 0

Касиљас: Се извинувам, ова беше најлошиот меч во мојот живот

Голманот и капитен на шпанскиот национален тим Икер Касиљас е длабоко разочаран по синоќешниот тежок пораз (5-1) од Холандија на почетокот на Светското првенство.

Како што повеќето оценија, за дебаклот во голема мера е заслужен токму тој и неговата низа на лоши реакции, особено за вториот гол на Робин ван Перси,  кому буквално ја подаде топката пред својата гол.

За почеток морам да се извинам. Ова беше најлошиот меч во мојата кариера. На сите ни е жал. Холандија одигра многу добро, а ние сосема спротивно. Меѓутоа, понекогаш е добро да се случи вакво нешто, за да можеме да реагираме – изјави по мечот Касињас.

Тој додаде дека од ова не треба да се прават преголеми драми.

Ние сме светски шампиони и можеме да поднесеме критика. Мораме да ги кренеме главите и да се подготвиме за натпреварот против Чиле – рече тој.

Top