четврток, 26 декември 2024 | Вести: 0

Како Босна би можела да го освои Мундијалот?

Талентот, тактиката, тренерот, среќата, многу фактори влијаат врз тоа кој ќе го освои овај 20. Мундијал. Но, кога факторите би биле поинакви, победникот би се знаел уште сега.

Босна и Херцеговина со 44,3% неазпосленост би ја декласирала екипата на Камерун, ако единствениот фактор кој би одлучувал за победникот би била невработеноста.

Босанците би дотуркале до финале и ако тежината беше одлучувачка, но таму би загубиле од германските играчи, чија просечна тежина е 79,9 килограми.

Во Бразил најмногу би се радувале Американците, ако се бираше победник според популацијата.

Со просечна висина на играчите од 185,2 цм, на првенството би славеле Белгијците, само во случај токму висината да е факторот за победа. Во обратниот случај, пак, кога би победувал тимот со најниски играчи, титулата би ја освоиле фудбалерите од Чиле и нивниот просек од 176 цм висина.

 

 

 

Top