петок, 27 декември 2024 | Вести: 0

Суарез неизвесен за вечерва

Суарез на вчерашниот тренинг

Фото: ЕПА

Напаѓачот на Уругвај Луис Суарез со голема веројатност ќе го пропушти првиот дуел на неговата репрезентација поради нецелосно закрепнување од операцијата извршена 22 мај.

Уругвај вечер од 21 часот во Форталеза ќе игра со Костарика, а селекторот Оскар Табарез рече дека нема ништо да ризикува со Суарез.

– Се уште има време до почетокот на дуелот со Костарика. Не сакаме да брзаме и подготвени сме првиот дуел да го одиграме без Суарез. Тој добро напредува со опоравувањето и сите се радуваме поради тоа, а како ќе се одвиваат работите ќе знаеме од последниот извештај од лекарскиот тим, истакнува Табарез.

Уругвајскиот селектор додаде дека неговите избраници се фаворити, но во никој случај не смее да ја потценат Костарика за како што вели, да не им се случи нешто непредвидено.

Top