Балотели и италијанскиот тим на вчерашниот тренинг
Фото: ЕПА
Првото соочување на репрезентациите од групите Ц и Д ќе започне денеска. На Мундијалот вечерва ќе се одиграат четири натпревари.
Први ќе се соочат екипите на Колумбија и Грција кои играат од 18 часот. Вториот натпревар од групата Ц ќе се одигра во раните утрински часови по македонско време, односно во 3 часот после полноќ, кога ќе се сретнат екипите на Брегот на слоновата коска и Јапонија.
Во групата Д, прв е натпреварот помеѓу Уругвај и Костарика, кој започнува во 21 часот, а највозбудливата и најочекуваната средба за денес, онаа помеѓу претставниците на Англија и Италија, започнува точно на полноќ.

