среда, 25 декември 2024 | Вести: 0

Реприза на финалето од ЈАР, Шпанија и Холандија вечерва ќе ги одмерат силите

Веќе е втор ден од мундијалот, а нѐ очекува спектакл, реприза на финалето од минатото Светско првенство меѓу Шпанија и Холандија.

Пред четири години во Јужноафриканската Република, Шпанците со голот на Андрес Иниеста првпат станаа шампиони во светот, а тој пораз сѐ уште ги боли Холанѓаните.

– Тоа е лузна која никогаш нема да зарасне. Секогаш ме растажува кога ќе се сетам на тоа – изјави Снајдер.

Од друга страна, Висенте дел Боске го има истиот тим што доминира во европскиот и светскиот фудбал веќе осум години.

– Нашиот стил на игра е јасен. Сакаме да доминираме на натпреварите и да ја имаме топката. Имавме многу успеси благодарение на тој стил на игра, зошто би ја менувале. Ни даде многу и се надевам дека повторно ќе пишуваме историја – изјави Чави Ернандес.

Дуелот меѓу Шпанија и Холандија е на програмата од 21 часот на арената „Фонте нова“ во Салвадор.

Top