Со звуци на карактеристичната самба во екстра колоритното милје на стадионот „Коринтијанс“ во Сао Паоло свечено е отворен јубилејниот 20. мундијал.
Фудбалот уште еднаш ја покажа неверојатната моќ да ги спојува народите од сите континенти, а домаќините се потрудија да организираат спектакуларно отворање на Светското фудбалско првенство.