петок, 12 декември 2025 | Вести: 0

Револуционерни правила на СП во Бразил: Гол-технологија, спреј за слободни удари, тајм-аут!

gol tehnologija

По тестниот период ФИФА реши да воведе гол-технологија на Светското првенство во Бразил што значително ќе им ја олесни работата на судиите. Тие на рацете ќе имаат посебни часовници кои ќе бидат поврзани со сензорите на голот. Кога топката ќе ја мине линијата судиите ќе добијат сигнал на часовникот и во истата секунда ќе можат да покажат на центар.

Тоа ќе им овозможи да не се прекинува играта и да не се случуваат грешки како во случајот со натпреварот меѓу Англија и Германија на последното СП во Јужна Африка кога Лампард даде гол од слободен удар, но судијата тоа не го виде.

Ова ќе биде прв пат во историјата на светските првенства да се користи гол-технологија.

brazil-sprej-svjetsko-300x202 sudija1_0

Новитет на овој мундијал ќе биде и употребата на судиски спреј кој за кратко време исчезнува. Судиите ќе го користат спрејот за обележување на местото за изведување слободен удар и на местото за поставување на живиот ѕид. Така нема да може повеќе да се поткраднува по некој сантиметар или метар при изведувањето на слободните удари.

sudija tajm aut

Премиера во Бразил ќе има и судискиот тајм-аут, односно минута одмор на барање на судијата. Многу тренери и грачи бараа од ФИФА да се примени ова правило со оглед на климата во Бразил. Судиите во текот на натпреварот ќе имаат право два до три пати да го прекинат мечот за играчите да можат да се освежат. За време на одржувањето на шампионатот се очекуваат високи температури во Бразил кои во комбинација со високата влажност на воздухот прават сериозни проблеми на играчите но и на навивачите. Најлоша е климата во северниот и североисточниот дел на Бразил каде што температурата ќе биде околу 35 степени со 80 процентна влажност на воздухот.

 

Top