Фотографот на „Република“, Ѓорги Личовски, е единствениот фоторепортер од Македонија што во живо ќе го следи најголемото фудбалско првенство. На нашиот веб-сајт секојдневно и во неделникот може да очекувате ексклузивни фотографии од Бразил и сѐ што се случува на терените и надвор од нив.
Првите фотографии пристигнуваат од плажата Форталеза, каде што неколку момчиња од Фавела уживаат во слободната игра.
Светот ситно одбројува до почетокот на Светското првенство 2014, а во Бразил веќе се живее во духот на фудбалот.
Очекувајте многу возбудливи моменти овековечени низ објективот на Личовски.

Ексклузивно за Република,
Ѓорги Личовски,
нашиот фоторепортер во Бразил

