Фудбалерите на Аргентина ги прават последните подготовки за Мундијалот во Бразил, а во меѓувреме најдобриот од нив, Лионел Меси, доби своја статуа во населбата Реколета во Буенос Аирес.
Фудбалерот на Барселона ја доби честа неговата статуа да биде покрај легендите на аргентинскиот фудбал, Диего Марадона и Габриел Батистута.
Статуите ги направил Фернандо Пуглисе, а се поставени по повод 20. роденден на спортската телевизија „TyC Спортс“.