четврток, 26 декември 2024 | Вести: 0

Учесниците на СП победуваат на пријателски натпревари

Сите четири репрезентации што играа ноќеска пријателски средби, а се учесници на Светското првенство во Бразил, ги победија противниците и покажаа дека се подготвени за турнирот што ќе трае еден месец.

Аргентина, која е меѓу фаворитите за шампионската круна, славеше со 3-0 против Тринидад и Тобаго. Паласио, Маскерано и Родригес беа прецизни, а „гаучосите“ потврдија дека добро ја темпираат формата за мундијалот.

И Уругвај е меѓу репрезентациите што се надеваат дека можат да слават во Бразил, а ноќеска оваа селекција ја победи Словенија со 2-0 со головите на Кавани и на Стуани.

Со идентични 2-0 Чиле ја надигра Северна Ирска, а прецизни беа Варгас и Пинилја во финишот на мечот.

На победа ѝ се радуваа и репрезентативците на Брегот на Слоновата Коска против Салвадор. Со головите на Дрогба и на Жервињо, популарните „слонови“ триумфираа со 2-1. Почесниот гол за Салвадор го даде Алварес.

 

Top