Кристијано Роналдо сам по себе е бренд, фудбалски бог, кој привлекува внимание на сите делови од Земјината топка и масовна хистерија на обожавателите. Португалецот пристигна со репрезентацијата во Њу Џерси, а симпатизерите го пречекаа со огромна поддршка и овации.
Популарниот ЦР 7 мирно подели по некој автограм и насмевки и си замина, оставајќи ги присутните во транс. Во стилот на легендарните „Битлси“ на времето.
Португалија ги завршува подготовките за настап на СП во Бразил, а последен тест ќе им биде мечот со Република Ирска на еден ден пред стартот на шампионатот.