Босна и Херцеговина ќе дебитира на Светско првенство, а до стартот на мундијалот во Бразил популарните „змаеви“ играат подготвителни натпревари, и тоа одлично.
По триумфот против Брегот на Слоновата Коска, вчера БиХ победи уште еден учесник на СП, Мексико, со 1-0. Стрелец на победоносниот гол беше Изет Хајровиќ во финишот на првото полувреме.
БиХ е во групата Ф на СП, заедно со Аргентина, Нигерија и со Иран.