среда, 25 декември 2024 | Вести: 0

Фалкао, Бентеке, Волкот, Валдес…повредени ѕвезди што нема да играат на СП

Колумбија е во шок, а главната ѕвезда во составот на јужноамериканската селекција, Радамел Фалкао нема да игра на мундијалот во Бразил. Популарниот „Ел Тигре“ ја загуби битката со времето и поради повреда ќе го пропушти самитот на фудбалските асови закажан за периодот од 12 јуни до 13 јули.

Покрај Фалкао, има уште неколку одлични играчи и во другите репрезентации кои се повредија во незгодно време и нема да играат на СП во Бразил.

Англичаните отпатуваа без Тео Волкот, Белгија жали за робусниот центафор Кристијан Бентеке, кај Холанѓаните го нема Кевин Стротман, Шпанија остана без голманот на Барселона Виктор Валдес, а има уште неколкумина влијателни играчи и во останатите репрезентации кои ќе го пропуштат спектаклот во Бразил.

Интересно е што има и неколку големи светски ѕвезди кои се уште бијат битка со времето и се надеваат дека ќе успеат навреме да се рехабилитираат и да настапат на СП.

Луис Суарес беше не операција на менискус и нема да игра за Уругвај на првиот натпревар против Костарика на 14. јуни, но популарните „Уруси“ со нетрпение очекуваат тој да биде стартер против Англија на 19 јуни во Сао Паоло.

Диего Коста доби предност пред оренте и Негредо, но и тој мачи мака со повредите и е неизвесен за настап, иако има најави дека ќе биде подготвен да дебитира за Шпанија.

Франција стравува за Франк Рибери, но и тој и „триколорите“ се оптимисти и голема е веројатноста дека крилниот напаѓач ќе ги брани боите на „галските петли“ во Бразил.

Top