Колумбијката Даниела Осоро (19) ја освои титулата Мис Мундијал 2014 година, на четвртото по ред натпреварување од овој вид.
Убавата студентка по архитектура, која се занимава со манекенство победи во германскиот Руст на натпревар во кој учествуваа претставнички од државите кои ќе ги одмерат силите на овогодишното СП во Бразил.
– Многу сум горда на оваа титула, а уверена сум и дека Колумбија ќе го освои трофејот на Мудијалот, изјави Осоро која својата земја ја претставува и на изборот за Мис на светот.
На натпреварот учествуваа девојки од 19 до 29 години, а убавината беше единствен услов.