
Бразилската секс-бомба Ана Брага е подготвена за Светското фудбалско првенство во Бразил (12 јун и -13 јули). Неодамна убавицата сними секси фотосесија на плажа, во која ги покажа фудбалските вештини.
-Ова ќе биде нашиот мундијал – изјави Ана, која има многу обожаватели во земјата на кафето и самбата.
Брага е родена во Рио де Жанеиро, но на 20 години заминала во САД за да си ја проба среќата. Американците веднаш се запалиле по нејзината убавина, по што била ангажирана од неколку модни агенции, а не остана незабележана и од страна на уредниците на најпознатото машко списание Плејбој”. Таа дури пет пати ги красеше страниците на ова списание, а папараците се толку многу заинтересирани за неа што го следат секој нејзин чекор на плажите во Мајами.
Како и секоја Бразилка, Ана, исто така, е многу запалена по фудбалот. Таа веќе ги поддржа кариоките” и е убедена дека ќе ја освојат светската титула

