понеделник, 8 декември 2025 | Вести: 0

Ја тужи ФИФА бидејќи доживеал стрес за време на мундијалот

Колумбискиот адвокат Аурелио Хименез ја тужи ФИФА затоа што поради лошо судење на мундијалот завршил во болница.

Тој додека го гледал четврт-финалниот натпревар меѓу Колумбија и Бразил добил нарушување на ритамот на срцето, по што завршил во болница.

– Судијата Карлос Веласко Карбалјо, но и другите судии на натпреварот, ми го загрозија здравството. Срцевиот ритам ми се наруши, а роднините веднаш ме префрлија во болница – изјави Хименез.

Адвокатот, кој важи за еден од најдобрите во Колумбија од областа на правото, моментално работи на собирање сведоци и докази.

Top