сабота, 28 декември 2024 | Вести: 0

Крамер не се сеќава на првото полувреме од финалето

Германскиот репрезентативец Кристоф Крамер кој во 32. минута од финалето по еден дуел со противнички играч доби удар во главата, не се сеќава што се случувало на првото полувреме од финалето на Светското првенство во Бразил.

По укажаната лекарска помош се обиде да го продолжи натпреварот, но набргу потоа падна на теренот и мораше да биде заменет.

– Не се сеќавам што се случи. Ништо не знам за првото полувреме. Мислев дека излегов од игра веднаш по ударот. Немам поим како се најдов во соблекувалната. Во мојата глава натпреварот почна од второто полувреме, изјави германскиот фудбалер кој заработи потрес на мозокот во својот дебитански настап на СП.

Германија во неделното финале на Мундијалот ја победи Аргентина со 1:0 по продолженија, а Крамер на изненадување на многумина беше во стартниот состав на „панцерите“.

Top