По освојувањето на титулата светски првак, меѓу играчите на Германија синоќа владееше одлична атмосфера, а дополнителна причина им беше друштвото кое го имаа на теренот.
Селекторот Јоаким Лев го направи вистинскиот потег на мундијалот, со тоа што им дозволи на своите фудбалери да бидат во друштво со поубавите половини и на децата.
Можеби ова е една од причините за освојувањето на титулата, со оглед на тоа што репрезентациите на кои им беше забрането да се гледаат со поубавите половини, експресно си заминаа дома.