Селекторот на бразилската фудбалска репрезентација Луис Фелипе Сколари ја понуди својата оставка до тамошниот фудбалски сојуз, откако не успеа на „кариоките“ да им ја обезбеди шестата титула светски првак. Сколари беше под голем притисок од бразилските навивачи не само поради неосвојувањето на трофејот, туку и по катастрофалните порази во полуфиналето од Германија (1:7) и за третото место од Холандија (0:3).
Иако тврдеше дека нема намера да си оди од селекторското место, сепак Сколари не го издржа психолошкиот притисок и одлучи да ја понуди својата оставка. Тој во 2002 година со Бразил стана шампион на светот.

