петок, 10 јануари 2025 | Вести: 0

Деветте збора на Лев кои го мотивираа Геце

Одличниот млад стратег Јоаким Лев е еден од најдобрите мотиватори во фудбалот, а тоа го потврди пред почетокот на последните 15 минути борба за светската титула.

Додека сите очекуваа финалето да се реши со пенали, Лев пред второто продолжение од 15 минути одел до сите фудбалери на теренот и ги прашувал:

– Кажи ми, што те мачи?

Тој за секого имал совет, а најдобриот го добил младиот играч Марио Геце кој влезе во игра во 88. минута на местото на Мирослав Клосе.

Ова се зборовите кои Геце ќе ги памети цел живот:

Покажи му на светот дека си подобар од Меси.

Младиот играч за врска сериозно ги сфатил овој совет, па така во 113. минута од натпреварот го постигна победничкиот гол за „панцерите“.

Top