Раководството на англискиот клуб Шефилд јунајтед во 1978 година направи легендарна утка со изборот на аргентинскиот фудбалски ас, што го ангажираа како засилување. Наместо тинејџерот Диего Армандо Марадона од Аргентинос јуниорс, тие одлучија да го купат Алехандро Сабелја, сегашниот селектор на Аргентина.
Раководството на Шефилд по долго размислување одлучило да се откаже од ангажман на Марадона, кој бил прескап за клубот, па го купиле Сабелја за 160 илјади фунти. Понатаму се е историја, „Ел Пибе“ стана еден од најдобрите играчи на сите времиња со неверојатно богата кариера, а Сабелја остана просечен фудбалер без позначаен успех.

