недела, 21 декември 2025 | Вести: 0

Рио де Жанеиро: Протести пред Маракана

Brazil Soccer Confed Cup Brazil SpainПолицијата во Рио де Жанеиро со употреба на солзавец растера околу 300 лица кои синоќа протестираа против Светското фудбалско првенство во Бразил, обидувајќи се да влезат во безбедносната зона околу познатиот стадион „Маракана“, каде се одигра финалниот натпревар меѓу репрезентациите на Аргентина и Германија.

Претходно, полицијата употребила лут спреј против група демонстранти кои се обиделе да го пробијат полицискиот кордон околу „Маракана“, со цел да не им дозволат на посетителите да се доближат до стадионот.

Top