недела, 21 декември 2025 | Вести: 0

Марадона: Меси не ја заслужи „златната топка“

Диего Армандо Марадона ќе остане на врвот на најдобрите аргентински фудбалери на сите времиња и еден од најдобрите во историјата на најважната споредна работа на светот, а Лионел Меси ќе мора да чека некоја друга шанса да се закити со светската титула и да му се приклучи на популарниот „Ел Пибе“.

За утеха, но и на изненадување на грото фудбалски симпатизери Меси ја доби „златната топка“ на мундијалот како најдобар играч, иако Аргентина беше поразена во финалето од Германија, а патем имаше и неколку фудбалери што пред него ја заслуѓија наградата.

„Јас го сакам Меси како син, но не ја заслужи наградата. Неправедна е одлуката на ФИФА. Се е тоа дел од маркетингот, а понекогаш сето тоа изгледа смешно“, вели Марадона. Легендата на Аргетнина посочи дека признанието го заслужи пред сите Џејмс Родригес, извонредниот колумбиски креатор на играта.

Top