вторник, 23 декември 2025 | Вести: 0

Аргентински медиуми: Сонот ни го урнаа Германците и судијата

noer

Аргентинските медиуми им честитаа на Германците за победата со доза на горчина поради спорната одлука на судијата Никола Риколи кој не досуди пенал за гаучосите во една спорна ситуација.

– Медал на честа, Германија и судијата ја урнаа илузијата на Аргентина, пишува Хронија која го анализираше бруталниот старт на германскиот голман Мануел Ноер над Гонзалез Игуаин на работ на шестнаесетникот. Италијанецот Риколи сепак сметаше дека станува збор за контра фаул и топката ја додели на Германците.

Денешното издание на Ла Насион е со наслов „Аргентина загуби 1-0 чувствувајќи во срцето дека беше толку блиску“. „Оле“ го цитираше селекторот Алехандро Сабељо кој им рекол на играчите „Можете да ме погледнете во очи“, весникот Кларин пак пишува „Сонот е срушен со гол во продолженија“.

 

Top