Лидерот на аргентинската репрезентација Лео Меси беше неутешен по поразот во финалето иако беше прогласен за најдобар играч на првенството за што доби „златна топка“.
– Бевме толку блиску. Криво ми е поради ваквиот епилог. Наградата за играч на турнирот? Ништо не ми значи, не се игра фудбал за индивидуални признанија. Ова ни беше шанса да и дадеме на нацијата радост после многу тага. Златната топка не е важна, се што сакав е да го подигнам трофејот. Жалам што не ни успеа да го понесеме во Аргентина, но од тука заминуваме со подигнати глави, мирни. Се гордеам што сум Аргентинец, изјави Меси.


