Рускиот ексцентрик Виталиј Здоровецки сосема непоканет си направи свое шоу на финалето од Светското првенство.
Комичарот познат по неговите испади на градите имаше напишано „роден бељаџија“ а својот настап очигледно планиран подолго време го најавил на твитер еден ден претходно.
За време на брканицата со редарите по теренот додека траеше натпреварот тој се обиде да бакне неколку германски играчи но не успеа во намерата, а на крајот беше уловен и отстранет.






