понеделник, 23 декември 2024 | Вести: 0

Маракана чека голови во финалето, по 45 минути Германија – Аргентина 0-0

Без голови минаа првите 45 минути во финалето на Светското првенство меѓу Германија и Аргентина, а на легендарната „Маракана“ мрежата ја затресе Гонзало Игуаин, но поради офсајд голот беше поништен. Напаѓачот на Аргентина имаше уште една прекрасна шанса, но иако беше сам во ситуација очи в очи со Мануел Нојер не успеа да погоди.

Германците можеа да поведат во финишот на првиот дел, кога Бенедикт Хеведес од близина со удар со глава ја затресе стативата наместо мрежата на Серхио Ромеро.

Германија се надева на четвртата титула свестки првак на јубилејното 20. изданбие на мундијалите, а ривалот во финалето Аргентина атакува на третата круна.

Top