сабота, 28 декември 2024 | Вести: 0

Сколари: Не можам да седам и да плачам

Селекторот на Бразил Луис Фелипе Сколари по поразот од Холандива во натпреварот за бронзениот медал, изјави дека одлуката за тоа дали ќе остане на оваа функција или не ќе ја донесе претседателот на фудбалскиот сојуз.

-Одлуката за мојата иднина не е донесена. Одлуката за тоа дали ќе останам или не ќе ја донесе фудбалскиот сојуз. Не сакам за тоа да разговарам со новинарите, потенцираше Сколари.

Бразил загуби од Холандија со убедливи 3:0 во пресметката за третото место на Светското првенство.

-Сакам да ве подсетам на тоа дека репрезентацијата на последните три Мундијали завршуваше помеѓу четири најдобри екипи. Не можам да седам тука и да плачам до крајот на животот. Рано примивме гол и веднаш почна битката. Игравме добро, бевме помалку напнати и создадовме одлични шанси, рече Сколари.

За прв пат во историјата на Мундијалите Бразил е поразен на два последователни натпревари во својата 100-годишна историја, а за само 180 минути примија дури 10 голови.

Во финалето на Светското првенство вечерва со почеток во 21 часот играат Аргентина и Германија.

Top