понеделник, 6 јануари 2025 | Вести: 0

Десетмината најдобри според ФИФА

2403695_full-lndПред одигрувањето на двата последни натпревара од Светското првенство во Бразил, ФИФА ја објави листата на десет фудбалери потенцијални добитници на признанието најдобар играч на Мундијалот.

Седум од кадидатите ќе имаат можност да играат во утрешното финале, а тоа се: Матс Хумелс, Филип Лам, Томас Милер и Тони Крос (Германија), Лионел Меси, Анхел Ди Марија и Хавиер Маскерано (Аргентина).

Покрај оваа „седморка“ во конкуренција се уште: Ариен Робен (Холандија), Хамес Родригез (Колумбија) и Нејмар (Бразил).

Наградата „Златна топка“ се доделува од Светското првенство 1982 година и за неа гласаат акредитирани новинари и Техничка група на ФИФА. Последен освојувач на наградата од СП 2010 година во Јужна Африка е Уругваецот Диего Форлан.

Во конкуренција за најдобар млад играч се: Мемфис Депај (Холандија), Пол Погба и Рафаел Варан (Франција), а за најдобар голман конкурират: Кејлор Навас (Костарика), Мануел Ноер (Германија) и Серхио Ромеро (Аргентина).

Top