понеделник, 8 декември 2025 | Вести: 0

Кејлор Навас се сели во Баерн Минхен за 10 милиони евра

Фантастичниот голман на најпријатното изненадување на светското првенство во Бразил, Костарика, Кејлор Навас се сели во германскиот гигант Баерн Минхен за 10 милиони евра.
Ова го потврди потпретседателот на Леванте Томас Перес за еден костарикански медиум. Трансферот е со висина од 10 милиони евра и се очекува Навас да му биде замена на неприкосновениот Мануел Нојер кој брани во фантастична форма.
Перес потенцираше дека е среќен за Навас кој со своите игри заслужува да биде во еден од најдобрите светски клубови кој се натпреварува во Бундес лигата и Лигата на шампионите.

Top