Младиот Бразилец Нејмар за прв пат по несреќата се обрати во јавноста. Тој беше повреден на натпреварот со Колумбија, кога Зунига го удри и при тоа му го повреди ’рбетниот пршлен.
– Не можам да кажам дека намерно ме повреди, не знам за што размислувал во тој момент, но секој кој се разбира во фудбал знае дека тоа не беше нормален старт. Кога сакаш да фаулираш некого го удираш во зглоб, го туркаш, го влечеш, истакна Нејмар.
Колумбиецот неколку дена по натпреварот му се јавил да Нејмар и му се извинил за стартот велејќи дека не било намерно.
– Го прифаќам извинувањето, но не можам да прифатам дека тоа беше нормален старт. Фала му на Бога што ме спаси, ударот да беше два сантиметри пониско може ќе останев парализиран, ќе бев во инвалидска количка денес. Не го мразам Зунига, не сум злопамтило, но не чувствувам ништо, додава Нејмар.
Ѕвездата на Бразил додаде дека е горд на неговите соиграчи и покрај катастрофалниот пораз од Германија, бидејќи и покрај сè не се предале, туку продолжиле да трчаат и да се борат.