Марио Балотели одигра скромно на мундијалот во Бразил, а Италија се прости од учеството уште по првата фаза од натпреварите во „групата на смртта“, во конкуренција на Костарика, Уругвај и на Англија.
Напаѓачот на „аѕурите“ требаше да биде еден од главните адути во походот кон петтата светска титула, но Супер Марио разочара. Тоа не му пречи да продолжи со лудориите надвор од фудбалските терени, а овојпат нанишани со погрешно оружје.
Наместо со фудбалската топка, Балотели си поигра со нов модел на пиштол, а фотографијата ја објави на „Инстаграм“.