недела, 18 јануари 2026 | Вести: 0

„Божјата рака“ на Марадона пред гризот на Суарез и шокантниот директ на Зидан

Нес­порт­ски­от гест на Лу­ис Су­а­рез и гри­зе­ње­то за ра­мо на Џор­џо Кје­ли­ни е до­бар по­вод да се по­тсе­ти­ме на нај­кон­тро­верз­ни­те мо­мен­ти во исто­ри­ја­та на мун­ди­ја­ли­те. Бру­тал­ни стар­то­ви, ле­ген­дар­на­та „бож­ја ра­ка“ на Ма­ра­до­на, но­ка­у­ти, шо­кант­ни уда­ри, ин­ци­дент­ни си­ту­а­ции, иск­лу­чу­ва­ња и те­пач­ки што се па­ме­тат и за кои сѐ уште се го­во­ри, а се слу­чи­ле на мун­ди­ја­ли­те

По­те­гот на Лу­ис Су­а­рез е еден од нај­кон­тро­верз­ни­те на мун­ди­ја­ли­те. Уру­гвај­ски­от Ха­ни­бал го гриз­на за ра­мо Џор­џо Кје­ли­ни и пре­диз­ви­ка ви­стин­ска ла­ви­на од ре­ак­ции на си­те де­ло­ви од пла­не­та­та. Су­ди­ја­та Мар­ко Ро­дри­гез не ги ви­де кон­тро­верз­ни­от по­тег и „гри­зот“ на Су­а­рез, ни­ту по­мош­ни­ци­те му сиг­на­ли­зи­раа за опас­ни­от атак на уру­гвај­ска­та ѕвез­да, а про­те­сти­те на Ита­ли­јан­ци­те беа по­пу­сти. Лу­ис не бе­ше иск­лу­чен и Уру­гвај со го­лот на Ди­е­го Го­дин ус­пеа да по­бе­ди со 1-0 и да ги ели­ми­ни­ра „аѕу­ри­те“, уште по пр­ва­та фа­за на мун­ди­ја­лот во Бра­зил.

Но, во вре­ме на мо­дер­на тех­но­ло­ги­ја, ге­стот на Су­а­рез не оста­на не­за­бе­ле­жан, па ре­а­ги­раа чел­ни­ци­те на ФИ­ФА и го каз­ни­ја глав­ни­от адут на Уру­гвај со сус­пен­зи­ја од мун­ди­ја­лот. Уру­гвај со Су­а­рез и без не­го е со­се­ма по­и­на­ква ре­пре­зен­та­ци­ја, што на нај­до­бар на­чин го пре­зен­ти­раа Ко­лум­биј­ци­те. Ре­чи­си без ни­ка­кви проб­ле­ми со 2-0 го ели­ми­ни­раа двој­ни­от свет­ски пр­вак, вед­наш во пр­ви­от меч за Уру­гвај отка­ко Су­а­рез бе­ше иск­лу­чен од тур­ни­рот. Мо­же­би за мо­мент Лу­ис ус­пеа да го ка­муф­ли­ра глу­па­ви­от по­тег на те­ре­нот во На­тал, су­ди­ја­та не го иск­лу­чи, но по­тоа бе­ше јас­но де­ка за не­го Свет­ско­то пр­венс­тво во Бра­зил е за­вр­ше­но. Ре­ак­ци­и­те беа бур­ни, а гро­то од фуд­бал­ски­те вљу­бе­ни­ци го осу­ди­ја ге­стот на „де­ве­тка­та“ на Уру­гвај. Каз­на­та за Су­а­рез е не­и­гра­ње во рок од 4 ме­се­ци и 9 ме­ча во си­те нат­пре­ва­ру­ва­ња.

На со­ци­јал­ни­те мре­жи има­ше и мно­гу ше­ги на сме­тка на Су­а­рез, ин­те­рес­ни фо­то­гра­фии во фо­то­шоп, а проб­ле­ма­тич­но за не­го е што та­кви­от по­тег му се по­вто­ру­ва. И прет­ход­но од­лич­ни­от на­па­ѓач има­ше слич­ни не­ве­ро­јат­ни ре­ак­ции. Нај­пр­во ка­ко член на хо­ланд­ски Ајакс во но­ем­ври 2010 го­ди­на го гриз­на за ра­ка Омар Ба­кал, то­га­шен фуд­ба­лер на ПСВ Ајнд­хо­вен. Хо­ланд­ска­та фуд­бал­ска фе­де­ра­ци­ја го сус­пен­ди­ра Су­а­рез, но тој го по­вто­ри исти­от гест и во Анг­ли­ја. На дер­би­то ме­ѓу Ли­вер­пул, чиј член сѐ уште е Уру­гва­е­цот, и Чел­си, од гри­зе­ње на­стра­да Бра­нис­лав Ива­но­виќ.

Хет-три­кот во гри­зе­ње про­тив­нич­ки игра­чи на Су­а­рез и „кас­ну­ва­ње­то“ на Кје­ли­ни ќе оста­нат за­па­ме­те­ни ка­ко ед­ни од нај­кон­тро­верз­ни­те мо­мен­ти на мун­ди­ја­ли­те, не­што што ќе се па­ме­ти и за што дол­го ќе се го­во­ри. По­тег што пре­диз­ви­ка не­ве­ро­ја­тен ин­те­рес, ко­мен­та­ри и ана­ли­зи. Уру­гвај­ци­те же­сто­ко про­те­сти­раа за каз­на­та на Су­а­рез, но ги ола­ди са­ми­от фуд­ба­лер со приз­на­ние и со из­ви­ну­ва­ње кон Кје­ли­ни.

По тој по­вод „Ре­пуб­ли­ка“ ќе се оби­де да ве по­тсе­ти на слич­ни не­за­бо­рав­ни мо­мен­ти, кои оста­ви­ја си­лен пе­чат во исто­ри­ја­та на фуд­бал­ски­те мун­ди­ја­ли и за кои и ден-де­нес се ко­мен­ти­ра, кои сѐ уште се ин­те­рес­ни и се па­ме­тат. Се­ка­ко, ме­ѓу нив е и гри­зе­ње­то на Су­а­рез на те­ков­ни­от мун­ди­јал во Бра­зил, а во пр­ви­те пет спо­ред на­ши­от из­бор се и ве­ли­ка­ни­те Ма­ра­до­на, Зи­дан, Шу­ма­хер, Ле­о­нар­до…

 

1

„Бож­ја­та ра­ка“ на Ди­е­го Ар­ман­до Ма­ра­до­на

Sport96-2

„Бож­ја­та ра­ка“ на бо­гот на фуд­ба­лот Ди­е­го Ар­ман­до Ма­ра­до­на, ве­ро­јат­но, е нај­поз­на­ти­от, нај­о­ри­ги­нал­ни­от не­доз­во­лен, но ефе­ктен ин­ди­ви­ду­а­лен по­тег на до­се­гаш­ни­те 20 мун­ди­ја­ли. Жи­ва­та ле­ген­да на Ар­ген­ти­на на Свет­ско­то пр­венс­тво во Ме­кси­ко во 1986 го­ди­на из­ве­де ма­ги­чен трик, ја удри топ­ка­та со ра­ка во лет и по­стиг­на гол про­тив Анг­ли­ја во че­тврт-фи­на­ле­то. Ле­ген­дар­ни­от удар бе­ше мол­ска­ви­чен, ре­чи­си ни­кој не за­бе­ле­жи де­ка „де­се­тка­та“ на Ар­ген­ти­на бу­квал­но му ја зе­де топ­ка­та од ра­це на Пи­тер Шил­тон и ја тур­на со ра­ка во го­лот. „Га­у­чо­си­те“ со тој гол во 51. ми­ну­та по­ве­доа со 1-0, а по­те­гот оста­на за­па­ме­тен ка­ко нај­е­фект­ни­от фуд­бал­ски трик на си­те вре­ми­ња. По­доц­на са­ми­от Ма­ра­до­на из­ја­ви де­ка тоа бил „бож­ји удар“ што ѝ дал си­ла на Ар­ген­ти­на да ја освои ти­ту­ла­та. Вир­ту­о­зот са­мо 4 ми­ну­ти по­доц­на блес­на на со­се­ма ле­ги­ти­мен на­чин. Во не­ве­ро­ја­тен трк со не­кол­ку вол­шеб­ни дриб­лин­зи Ди­е­го на­ни­жа пет­ми­на од­бран­бе­ни игра­чи на Анг­ли­ја, го ми­на и Шил­тон и ја сме­сти топ­ка­та во мре­жа­та на Анг­ли­ча­ни­те. Ако пр­ви­от гол е „бож­је чу­до“, вто­ри­от на Ма­ра­до­на бе­ше прог­ла­сен за гол на ве­кот. Вол­шеб­ни­кот зас­лу­же­но ја до­би на­гра­да­та за нај­до­бар играч на шам­пи­о­на­тот, Ар­ген­ти­на се за­ки­ти со вто­ра­та ти­ту­ла свет­ски пр­вак, а по­го­до­кот со ра­ка на Ма­ра­до­на во 51. ми­ну­та на ста­ди­о­нот „Ац­те­ка“ во Ме­кси­ко е најв­пе­чат­ли­ви­от не­доз­во­лен по­тег во исто­ри­ја­та на мун­ди­ја­ли­те.

 

2

Шо­кант­ни­от ди­рект на кро­тки­от Зи­дан

Sport96-3

Зи­не­дин Зи­дан е поз­нат ка­ко кро­ток чо­век и фуд­ба­лер, еден од нај­до­бри­те и нај­а­тра­ктив­ни игра­чи на си­те вре­ми­ња. Но, по­пу­лар­ни­от Зи­зу не ус­пеа да ја истр­пи про­во­ка­ци­ја­та на Мар­ко Ма­те­ра­ци и, на из­не­на­ду­ва­ње што ду­ри изг­ле­да­ше и шо­кант­но, со гла­ва го удри во гра­ди­те ита­ли­јан­ски­от сто­пер, во фи­нал­ни­от меч на СП 2006 во Гер­ма­ни­ја.

Sport96-4

Ре­ак­ци­и­те беа во сти­лот „мож­но ли е ти­вки­от ве­ле­мај­стор на фуд­бал­ска­та игра да на­пра­ви та­ква глу­пост, да удри про­тив­нич­ки играч без топ­ка, не­што што не го сто­рил ни­ко­гаш во бо­га­та­та ка­ри­е­ра“. Зи­дан до­би ди­ре­ктен цр­вен кар­тон, а не­го­ва­та Фран­ци­ја го за­гу­би ме­чот за ти­ту­ла­та на пе­на­ли. Ита­ли­ја ја освои че­твр­та­та ти­ту­ла, а „три­ко­ло­ри­те“ без сво­јот гла­вен адут не ус­пе­а­ја да стиг­нат до вто­ра­та свет­ска кру­на. По­доц­на бе­ше откри­е­на и ми­сте­ри­ја­та за сен­за­ци­о­нал­на­та ре­ак­ци­ја на Зи­дан, а про­во­ка­ци­ја­та на Ма­те­ра­ци, се­пак, бе­ше ус­пеш­на. Ита­ли­јан­ски­от сто­пер ја на­вре­дил мај­ка­та на Зи­зу, што пре­диз­ви­ка бес кај фран­цу­ски­от ас со ал­жир­ско по­тек­ло. Ве­ли­ка­нот на свет­ски­от фуд­бал си ја приз­на гре­шка­та, но оста­на на сво­јот став де­ка бил ис­про­во­ци­ран од Ма­те­ра­ци и не му се из­ви­ни.

– По­гре­шив, но не­ма да се из­ви­нам. Ако му ка­жам на Ма­те­ра­ци де­ка ми е жал за по­те­гот, то­гаш би приз­нал де­ка не­го­ва­та про­во­ка­ци­ја е доз­во­ле­на. Тоа што тој го сто­ри е срам­но и не зас­лу­жу­ва вни­ма­ние, осо­бе­но не из­ви­ну­ва­ње. Со тоа ќе се не­ги­рав са­ми­от. Не мо­жам да го оправ­дам мо­јот гест, но лу­ѓе­то не зна­ат де­ка мо­ја­та мај­ка то­гаш бе­ше бол­на. Не мо­жев да из­др­жам и го сто­рив тоа што го сто­рив – из­ја­ви то­гаш Зи­дан за „Ел Па­ис“.

Ма­те­ра­ци ни­ко­гаш не ја приз­на про­во­ка­ци­ја­та, со из­ја­ви де­ка во­оп­што не ја спо­ме­нал мај­ка­та на Зи­дан, ни­ту кој би­ло член од не­го­во­то се­мејс­тво. А, Мар­ко бе­ше поз­нат по про­во­ка­ци­и­те, ка­ко пр­гав фуд­ба­лер што че­сто ко­ри­сти не­доз­во­ле­ни еле­мен­ти во игра­та. Огром­ни­от авто­ри­тет на Зи­дан, не­го­во­то фуд­бал­ско мај­сторс­тво и ве­ли­чи­на, кро­тки­от ка­ра­ктер што го по­твр­ди и во про­дол­же­ни­е­то на ка­ри­е­ра­та на не­кој на­чин го из­бри­ша глу­па­ви­от гест, но уда­рот сѐ уште се пре­ра­ска­жу­ва и се па­ме­ти ка­ко еден од нај­кон­тро­верз­ни­те и шо­кант­ни мо­мен­ти во исто­ри­ја­та на свет­ски­те пр­венс­тва.

 

3

Но­ка­ут на Шу­ма­хер, ко­ма, скр­ше­ни за­би и ре­бра за Ба­ти­стон

Sport96-5

Мо­мен­тот од не­за­бо­рав­но­то по­лу­фи­на­ле ме­ѓу Гер­ма­ни­ја и Фран­ци­ја во Се­вил­ја на Свет­ско­то пр­венс­тво во 1982 го­ди­на, ко­га гол­ма­нот Ха­ралд Шу­ма­хер со груб старт го но­ка­у­ти­ра Па­трик Ба­ти­стон, е за ана­ли­те на фуд­ба­лот.

Во дра­ма­ти­чен меч, си­гур­но еден од нај­до­бри­те на си­те вре­ми­ња, што во ре­гу­ла­рен дел за­вр­ши 3-3, а на пе­на­ли го до­би Гер­ма­ни­ја, се па­ме­тат до­бри­те мо­мен­ти и уште по­ве­ќе еден од нај­бру­тал­ни­те стар­то­ви на мун­ди­ја­ли­те.

Sport96-6

Ми­шел Пла­ти­ни од­лич­но го про­и­гра Ба­ти­стон, а сто­пе­рот на Бор­до, за жал, бе­ше мал­ку по­ба­вен од гер­ман­ски­от гол­ман Шу­ма­хер, кој стар­ту­ва­ше бру­тал­но и бу­квал­но со но­га­та го по­го­ди в ли­це про­тив­ни­кот и го но­ка­у­ти­ра во шес­на­е­сет­ни­кот. Ба­ти­стон за­вр­ши во бол­ни­ца, на те­ре­нот бе­ше во бес­соз­на­ние по­ло­ви­на час, а и по­вре­ди­те беа стра­вот­ни. Па­трик оста­на без два за­ба, три ре­бра му беа скр­ше­ни, го по­вре­ди и ра­мо­то, но на хо­рор-уда­рот на гер­ман­ски­от гол­ман во­оп­што не ре­а­ги­ра­ше хо­ланд­ски­от су­ди­ја Чарлс Кор­вер. Фра­пант­но е ка­ко „чо­ве­кот во цр­но“ не ви­де ни­што и не до­су­ди ни­ту фа­ул за Фран­ци­ја. А, стар­тот бе­ше за иск­лу­чу­ва­ње, има­ше и пе­нал за „три­ко­ло­ри­те“, кои ве­ро­јат­но ќе по­бе­деа и ќе играа во фи­на­ле­то на мун­ди­ја­лот во Шпа­ни­ја. По ме­чот, кој сѐ уште се па­ме­ти ка­ко ма­е­страл­но фуд­бал­ско де­ло, со мно­гу пре­свр­ти, уба­ви ак­ции и дра­ма­тич­на за­врш­ни­ца, Пла­ти­ни да­де ин­те­рес­на из­ја­ва.

– Мис­лев де­ка е мр­тов. Па­трик не да­ва­ше ни­ка­кви зна­ци на жи­вот и не­ма­ше пулс. Пад­на ка­ко по­ко­сен и не мр­да­ше. За сре­ќа, ме­ди­цин­ски­от тим му по­мог­на да дој­де до здив. И де­нес не мо­жам да сфа­там зо­што су­ди­ја­та не ре­а­ги­ра­ше спо­ред пра­ви­ла­та. Нѐ оште­ти, но тоа е сла­ба уте­ха и за Фран­ци­ја и за мо­ја­та ге­не­ра­ци­ја, ко­ја бе­ше из­во­нред­на и за Ба­ти­стон – из­ја­ви се­гаш­ни­от пре­тсе­да­тел на УЕ­ФА.

Гер­ма­ни­ја на тој мун­ди­јал, ве­ро­јат­но, бе­ше нај­не­о­ми­ле­на­та ре­пре­зен­та­ци­ја по­ра­ди две ра­бо­ти. Пр­во, во крај­но сом­ни­те­лен меч про­тив Ав­стри­ја во фа­за­та по гру­пи оди­гра ка­ко што им од­го­ва­ра на две­те ре­пре­зен­та­ции и го ели­ми­ни­ра сим­па­тич­ни­от со­став на Ал­жир, а по­тоа дој­де и стар­тот на Шу­ма­хер врз Ба­ти­стон. „Сле­пи­ло­то“ на хо­ланд­ски­от су­ди­ја, се­пак, не му по­мог­на на „ел­фот“ да дој­де до ти­ту­ла, а Ита­ли­ја се ра­ду­ва­ше на вред­ни­от пе­хар по по­бе­да­та од 3-1 во фи­нал­ни­от меч на „Сан­ти­ја­го Бер­на­беу“ во Ма­дрид.

 

4

Ла­ко­тот на Ле­о­нар­до го од­ве­де Ра­мос во бол­ни­ца

Sport96-7

Ле­о­нар­до Нас­ци­мен­то де Ара­у­хо, или во скра­те­на вер­зи­ја Ле­о­нар­до, го но­се­ше бро­јот „10“ на дре­сот на бра­зил­ска­та ре­пре­зен­та­ци­ја. При­ви­ле­ги­ја што те­шко се стек­ну­ва во зем­ја што е нај­тро­феј­на на фуд­бал­ски план и што зна­чи огро­мен рес­пект, приз­на­ние и до­вер­ба кај „ка­ри­о­ки­те“. И Ле­о­нар­до на­ви­сти­на бе­ше од­ли­чен играч, но и чо­век со проб­ле­ма­ти­чен ка­ра­ктер. Вед­наш го по­твр­ди тоа на мун­ди­ја­лот во САД, во ос­ми­на­фи­нал­ни­от ду­ел со се­лек­ци­ја­та на до­ма­ќи­нот, кој се игра­ше во Стен­форд. На го­ле­ми­от праз­ник за Аме­ри­кан­ци­те, 4 ју­ли, Ле­о­нар­до со крв­нич­ки удар со ла­ко­тот го но­ка­у­ти­ра Таб Ра­мос и го ис­пра­ти на „ле­ку­ва­ње“ во бол­ни­ца по­ве­ќе од 100 де­на. Уда­рот на Ле­о­нар­до бе­ше очиг­ле­ден и со на­ме­ра, а Ра­мос за­ра­бо­ти скр­ше­ни­ца на ја­болч­на­та ко­ска.

Sport96-8

Ве­ро­јат­но од Бра­зи­лец, па­тем и умет­ник за фуд­бал со број „10“, што го но­се­ле ле­ген­ди на „ка­ри­о­ки­те“, ни­кој не оче­ку­ва та­ков бру­та­лен старт. Мај­стор­ски по­те­зи да, но не и крв­нич­ки старт без по­тре­ба. Ле­о­нар­до зас­лу­же­но до­би цр­вен кар­тон, цр­ве­не­е­ја и бра­зил­ски­те на­ви­ва­чи, кои се поз­на­ти по сво­јот тем­пе­ра­мент, а и це­ла­та ге­не­ра­ци­ја, бла­го­да­ре­ние на тој по­тег на Ле­о­нар­до, го до­би епи­те­тот „мом­ци­те со ти­ту­ла, но без осо­бен рес­пект од Бра­зил“. Уште ако се спо­ме­нат и ге­стот на ка­пи­те­нот Дун­га и пцо­сти­те упа­те­ни кон фо­то­ре­пор­те­ри­те и но­ви­на­ри­те во Бра­зил, ка­ко и де­ка­дент­ни­от стил на игра со кој бе­ше осво­е­на че­твр­та­та свет­ска кру­на на мун­ди­ја­лот во САД, јас­но е зо­што ни­ту тро­феј­ни­те по­не­ко­гаш не се мно­гу оми­ле­ни. Бра­зил, се­пак, си ја прок­ни­жи че­твр­та­та ти­ту­ла во 1994 го­ди­на со три­умф по по­до­бро из­ве­ду­ва­ње пе­на­ли про­тив Ита­ли­ја во фи­нал­ни­от меч во Па­са­де­на. Па­тем, Ле­о­нар­до то­гаш ја за­ра­бо­ти вто­ра­та нај­ви­со­ка сус­пен­зи­ја во исто­ри­ја­та на СП со каз­на од 4 ме­ча. На исти­от тур­нир Ма­у­ро Та­со­ти од Ита­ли­ја бе­ше иск­лу­чен од шам­пи­о­на­тот и каз­нет со 8 нат­пре­ва­ри не­и­гра­ње по­ра­ди уди­ра­ње без топ­ка на Лу­ис Енри­ке.

 

5

Ма­сакр во Нирн­берг и ре­корд­ни 4 цр­ве­ни и 16 жол­ти кар­то­ни во бокс-ме­чот на Хо­лан­ди­ја и Пор­ту­га­ли­ја

Sport96-9

Са­ми­от епи­тет за дер­би-ду­е­лот ме­ѓу Пор­ту­га­ли­ја и Хо­лан­ди­ја, поз­нат ка­ко ма­сакр во Нирн­берг, го­во­ри за тен­зич­но­ста, гру­би­те стар­то­ви и за стра­да­ња­та на игра­чи­те на две­те ре­пре­зен­та­ции.

Sport96-10Пор­ту­га­ли­ја на мун­ди­ја­лот во Гер­ма­ни­ја пред 8 го­ди­ни го прет­ста­ви ек­стра-та­лен­ти­ра­ни­от Кри­сти­ја­но Ро­нал­до, но мно­гу ра­но оста­на без не­го. По­пу­лар­ни­от ЦР 7 на­стра­да по стра­вот­ни­от старт на Ка­лид Бу­ла­руж и со сол­зи во очи­те го на­пу­шти те­ре­нот во 34. ми­ну­та по­ра­ди по­вре­да. На ста­ди­о­нот „Фран­кен“ во Нирн­берг по­ве­ќе има­ше те­па­ње, бру­тал­ни стар­то­ви и ин­ци­ден­ти откол­ку до­бар фуд­бал, ак­ции и го­ло­ви. Пор­ту­га­ли­ја по­бе­ди со 1-0 во меч од вто­ра­та рун­да, но ду­е­лот се па­ме­ти по ре­корд­ни­те 4 цр­ве­ни кар­то­ни и не­ве­ро­јат­ни­те 16 жол­ти кар­то­ни. Ко­сти­ња и Де­ко кај Пор­ту­гал­ци­те и Бу­ла­руж и Ван Бронк­хорст кај „ла­ли­ња­та“ пред­вре­ме мо­раа да за­ми­нат во гар­де­ро­ба­та.

Гр­да­та фуд­бал­ска при­каз­на поч­на со жолт кар­тон на Марк ван Бо­мел уште во вто­ра­та ми­ну­та, а сѐ по­тоа бе­ше го­ле­ма ан­ти­про­па­ган­да на фуд­ба­лот. Нат­пре­ва­рот за­вр­ши 1:0 во го­ло­ви за Пор­ту­га­ли­ја, 2-2 во иск­лу­чу­ва­ња и 9-7 за по­бед­ни­кот во жол­ти кар­то­ни. Ре­корд на мун­ди­ја­ли­те по­ста­ви­ја Пор­ту­гал­ци­те и Хо­лан­ѓа­ни­те во не­га­ти­вен кон­текст, спо­ред бро­јот на цр­ве­ни и на жол­ти кар­то­ни на еден меч.

 

(Пишува: Зоран Поповски
Текст објавен во 96. број на неделникот „Република“, 4.07.2014)

Top