недела, 7 декември 2025 | Вести: 0

Хумелс: Се договоривме да не го понижиме Бразил

Тимот на Јоаким Лев го декласираше домаќинот Бразил уште во првото полувреме со 5-0 поради тоа дефанзивецот Матс Хумелс откри дека играчите се договориле да не ја понижат селекцијата на Бразил.

Хумелс истакна дека Германците решиле да запрат малку со играта во второто полувреме и со поседување на топката да го доведат мечот при крај.

– Само разјаснуваме дека мора да останеме сконцентрирани и да се обидеме да не ги понижиме. Рековме дека мора да останеме сериозни и да ја задржиме концентрацијата на полувреме – истакна Хумелс.

Top