сабота, 6 декември 2025 | Вести: 0

Меси ја прослави победата во допинг собата

Додека Аргентинците во гардеробата славеа пласман во финалето на Светското првенство, нивниот најдобар фудбалер морал во лабораторија.

Аргентинците по изведувањето на пеналите обезбедија пласман во финалето и додека сите славеа, журката ја пропушти Лионел Меси поради тоа што морал да оди на допинг- контрола, а тоа го сподели со своите фанови на „Инстаграм“.

– Ме повикаа на допинг-контрола и не можам да уживам во моментот во соблекувалната. Се чувствувам горд што сум дел од овој тим. Секој во него е одличен. Каков натпревар беше ова, ова е лудо, во финале сме. Да уживаме во овој момент, сега ни остана уште само еден чекор – напиша Меси.

Аргентина в недела ќе игра во финалето против Германија, трет пат во историјата. Аргентинците славеа во 1986 година во Мексико, а Германците им се реваншираа четири години подоцна во Италија.

Top