Серхио Ромеро е јунакот на Аргентина и најзаслужен за пласманот на „гаучосите“ во финалето на јубилејното, 20. издание на Светското првенство во фудбал.
Чуварот на мрежата на аргентинската репрезентација ги одбрани ударите од белата точка на Влар и на Снајдер, што директно влијаеше врз елиминацијата на „лалињата“. Ромеро има и мала тајна, како на испит си имаше ливче во ракавиците и ги следеше сопствените инструкции за начинот на кој шутираат Холанѓаните.
Во случајот на Влар и на Снајдер му успеа анализата, а му помогнаа и соиграчите кои не утнаа ниту еден пенал, па Аргентина ќе игра за титулата на „Маракана“ в недала на 13 јули.
Погледнете го тајното оружје на Ромеро во пенал-серијата со Холандија.