Светската фудбалска асоцијација – ФИФА ја суспендираше Нигерија од сите натпреварувања поради мешање на политичарите во работата на Фудбалскиот сојуз на таа земја.
Нигерија е казнета поради тоа што по елиминацијата од Светското првенство во Бразил, владата го сменила целото фудбалско раководство, што е директно мешање во нешто што не е надлежна.
Покрај репрезентацијата под суспензија се наоѓаат и сите клубови кои во новата сезона нема да може да настапуваат во ниту едно африканско натпреварување.
Казната на ФИФА ќе трае се додека Фудбалскиот сојуз во Нигерија не добие раководство избрано без притисок од политичарите.