Јас сум виновен. Јас го научив тој Ромеро како се бранат пенали. Од друга страна бев принуден порано да направам три измени, па не можев наместо Чилесен да го внесам Крул. Сепак, подобро да загубиш на пенали отколу 7-1. А сега најлошо ми паѓа натпреварот за трето место. Со години велам дека тој натпревар треба да се укине, рекол Ван Гал по поразот во полуфиналето од Аргентина по изведувањето на пенали.
Аргентинскиот голман Сергио Ромеро во 2006 година од Аргентина допатува во Холандија на барање на Ван Гал и го облече дресот на Аз, по што прерасна во врвен чувар на мрежата.
Во вчерашниот меч во регуларниот тек од натпреварот и по продолженијата резултатот беше 0-0, а по изведувањето на пеналите гаучосите славеа со 4-2, благодарение на двете одбрани на Ромеро.