Аргентина ќе игра во финалето на мундијалот во Бразил против Германија, а „гаучосите“ ќе атакуваат на третата титула светски првак на „Маракана“ во Рио де Жанеиро на 13 јули, откако вечерва беа подобри пеналџии од Холанѓаните.
Во регуларниот дел второто полуфинале што се одигра во Сао Пауло заврши без голови, а мрежите на Ромеро и на Силесен мируваа и по дополнителните 30 минути.
Во пенал-серијата „гаучосите“ шутираа без грешка, а погодија Меси, Гарај, Агуеро и Родригес, но вистински јунак беше голманот Ромеро. Тој ги одбрани ударите на Влар и на Снајдер, па Аргентина ќе патрува за Рио, а Холандија ќе игра во мечот за утеха и за трето место против домаќинот Бразил.
Тој меч ќе се игра в сабота на 12 јули, додека завршниот дуел на турнирот за светската круна на распоред е следниот ден, на 13 јули.