понеделник, 22 декември 2025 | Вести: 0

Кој ќе го добие последниот билет за на Маракана

Вечерва ќе се знае кој ќе го добие последниот билет за на Маракана и која репрезентација ќе и биде противник на Германија во финалето на 20-то Светско првенство.

Пресметката Аргентина-Холандија ќе биде реприза на финалето од 1978 година, кога Аргентина со 3-1 ја совлада Холандија, која на тоа СП играше без својот најдобар играч Јохан Кројф.

Холандија, 20 години по тоа финале, на СП во Франција ја победи Аргентина во четвртфиналето со 2-1, со голот на Беркамп постигнат во последната минута од регуларниот дел. Последен пат двете селекции се сретнаа во 2006 година на СП во Германија, но тој меч заврши без победник (0-0), откако и Аргентина и Холандија имаа обезедено пласман во нокаут фазата.

Аргентина на СП во 1990 во полуфиналето, на пенали, ја елиминира Италија, а подоцна во финалето загуби од Германија.

Холандија сигурно ќе сака да се повтори четврфиналето од СП во 1974 година, кога ’лалињата’ предводени од Јохан Крој ја декласираа Аргентина со 4-0.

Натпреварот во Сао Паоло ќе започне во 22 часот, а победникот на 13.јули во финалето ќе игра против Германија.

Top