Фановите на бразилската репрезентација го пронајдоа виновникот за синоќешниот пораз од Германија. Според нив главната причина за поразот е легендарниот пејач Мик Џегер.
Фронтменот на „Ролинг Стоунс„ и неговата прогноза за време на мундијалот е причината за бразилскиот дебакл. Барем според Бразилците. Односно, Џегер прогнозираше пред натпреварот Италија и Уругвај победа на „азурите“ и пласман понатаму.
Претходно во мај изјави дека Португалија ќе победи на Светското првенство. Легендарниот музичар беше навивач на Англија во натпреварот против Уругвај. Уругвај ја победи Италија, а претходно и Англија, а Португалија не успеа да ја помине фазата по групи. Затоа, кога Џегер се појави со својот син на „Минеирао“ со јасна поддршка за домашната екипа, победникот веќе беше познат.

