Брзилците се во шок по вчерашниот дебакл од 1-7 против германската машинерија на Јоаким Лев, но сепак и во мака најдоа сили да се пошегуваат. Велат може да биде и полошо од најголемиот неуспех во историјата на бразилскиот фудбал и поразот со 6 гола разлика во полуфиналето, а им се заканува големиот ривал Аргентина.
„Ваков дебакл Бразил нема доживеано во историјата, а сепак може да биде и полошо. Замислете Аргентина да ја освои титулата светски првак на Маракана во Рио Де Жанеиро. Е тоа ќе биде комплетна катастрофа за нас“, пишуваат бразилските медиуми.
Вечерва од 22 часот Аргентина ќе игра во второто полуфинале против Холандија и има можност да се пласира во големото финале и да игра за светската круна против Германија.
Ривалитетот на сите полиња и особено во фудбал меѓу Бразил и Аргентина е огромен, еден од најпознатите и најголеми во светот на фудбалот. Нов шок за „кариоките“ би бил расплет во кој Аргентинците би освоиле светска титула на нивниот легендарен терен „Маракана“ во Рио Де Жанеиро.