Бразилскиот селектор Лус Фелипе Сколари ја преседе одговорноста за поразот од Германија со 7-1 во полуфиналниот меч од Светското првенство.
– Јас сум виновен за овој резултат. Можеме да ја поделиме вината, но јас ја одбрав стартната постава, тактиката, тоа е мој избор. Се обидовме да дадеме се од себе, налетавме на големиот германски тим. Шест или седум минути игра промени се. Можам да кажам само дека Германија не шокираше прво со голот, а потоа со способностите и тоа мора да се почитува, изјави Сколари, а потоа им порача на Бразилците:
– Ве молам простете ни за овој натпревар. Ви благодарам за поддршката, не бодревте кога губевме со 5-0 и кога ги примивме и шестиот и седмиот гол. Жал ми е што не можев да ве одведам во финале. Ќе се бориме за третото место. Уште имаме за што да се бориме, порача Сколари.